САД-РУСИЈА

Бајден и Путин ги повторија ставовите за Украина

31.12.2021 10:23

Џо Бајден се закани со сериозен одговор и зголемено присуство на НАТО во источните земји-членки при евентуална инвазија од Русија.

Лидерите на САД и Русија со стари ставови во новиот телефонски разговор посветен на кризата со Украина. Џо Бајден се закани со сериозен одговор и зголемено присуство на НАТО во источните земји-членки при евентуална инвазија од Русија.

Владимир Путин, пак, предупредил – воведувањето на драстични санкции  би било огромна грешка. Во 50-минутниот разговор, САД изразиле надеж дека Кремљ ќе го избере патот на деескалација. Двајцата лидери дискутирале и за претстојните преговори на 10 јануари околу безбедносните гаранции  кои ги побара Путин.

Москва и натаму демантира план за напад. Разместувањето руски војници во близина на границата со  Украина предизвика загриженост кај Запад.

Раководството на Киев со години е конфронтирано со вооружен бунт на проруските сепаратисти во источниот дел од земјата.