Здравство

67% од новите случаи со Ковид-19 се невакцинирани

31.12.2021 13:09

Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид- 19. Според статистика за изминативе недели, 46.246 граѓани, односно 67% од позитивните на Ковид- 19 не биле вакцинирани.

Во период од 06.08 до 30.12.2021 на територија на државата 69.242 граѓани, се позитивни од тестирани на Ковид-19, од нив 33% биле целосно вакцинирани, односно 22.996 лица.

Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид- 19. Според статистика за изминативе недели, 46.246 граѓани, односно 67% од позитивните на Ковид- 19 не биле вакцинирани.

Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6.08 до 30.12.2021 на територија на државата починале 2.447 лица со Ковид- 19, 1.913 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 22% примиле вакцина.

Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, како и пациенти кои се вакцинирале во странство со вакцини на Модерна и Џонсон.

Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2-