Македонија

Берово со полни капацитети за Нова годинa

31.12.2021 12:26

Годинава поскромно украсен и без забава на плоштад ќе се слави Нова година во Берово. Сместувачките капацитети и викендиците се исполнети, сè е подготвено за славење, градоначалникот апелира да се почитуваат протоколите за заштита од Ковид- 19.

За Нова година и божиќните празници целосно се исполнети капацитетите во Берово, бисерот на Малешевијата, градот со највисока концентрација на кислород на Балканот. Туристички адут на Берово освен природата и чистиот воздух е и богатиот избор на традиционална здрава храна. Најбројни се домашните посетители, но има и туристи од Бугарија.

И покрај новогодишната еуфорија, да се почитуваат ковид протоколите, апелира градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски.

Полни со гости за нова година се мотелите, одмаралиштата и викендиците на Пониква, скијачкиот центар на истокот, каде и покрај топлото време, снег има, скијачките патеки се во функција, а посетителите имаат можност и за ноќно скијање.

 

Славица Величковска