Повторно пуштена во употреба жичницата на Водно, граѓаните го искористија убавото време
Жичницата беше затворена на почетокот на ковид-кризата, односно 13-ти март 2020-та година, кога беа воведени карантини како заштита од коронавирусот. Според протоколите за работа, во една кабина може да се возат само четири лица...

По две години паузa поради пандемијата, повторно e пуштена во употреба жичницата на Водно.
Според протоколите за работа, во една кабина може да се возат само четири лица.
Жичницата беше затворена на почетокот на ковид-кризата, односно 13-ти март 2020-та година, кога беа воведени карантини како заштита од коронавирусот.
Рекреативци, планинари, велосипедисти, пред дочекот на Новата година, решија да го искористат убавиот ден и да уживаат во декемврискиотм топол ден.
Од врвот Крстовар, на последниот ден од 2021-ва година, чист и сончев поглед на скопската котлина. Го нема оној густ чад кој на мапата на најзагадени градови во светот, ја впиша и нашата метропола.
Александра Спировска
