Ковид-19

Костов: Мерките ќе спречат ширење на заразата

31.12.2021 15:19

Педесеттина пациенти заразени со Ковид-19 новогодишната ноќ ќе ја минат во болницата „8-ми септември“. Тие се на кислородна поддршка...

Педесеттина пациенти заразени со Ковид-19 на новогодишната ноќ ќе дишат со боца во болницата „8 Септември“. Директорот Костов вели дека ова е бројката со која подолго време е пополнето Ковид-одделението.

Вакцинацијата, носењето маски и соодветнoто растојание се и натаму клучните мерки против заразата.  Костов смета дека токму тие нема да ја зголемат бројката на заразени по празниците.

Инаку директорот се пофали со петте нови лифтови, кои како што рече, се направени според сите стандарди и се надева оти ќе послужат во болницата.

 

Катерина Топалова