Штајнмаер: Голема грешка е притисокот на ЕУ кон Украина
Штајнмаер најави потолерантен однос кон земјите кои имаат паралелни односи со Москва, истакнувајќи дека ќе го почитува правото на партнерите да го одредуваат балансот на политиката кон ЕУ и Русија...

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер рече дека обидот на Европската унија од Украина да изнуди да се определи за Москва или за Брисел било голема грешка, и дека на ниво на шефови на дипломатии на ЕУ ќе биде подготвена нова тактика на односи кон одделни земји, пред се кон оние на истокот на Европа.
Штајнмаер најави потолерантен однос кон земјите кои имаат паралелни односи со Москва, истакнувајќи дека ќе го почитува правото на партнерите да го одредуваат балансот на политиката кон ЕУ и Русија.
„Наместо да ја условуваме соработката по принципот или ние (ЕУ) или тие (Русија), ќе го почитуваме правото на нашите партнери да го одредуваат нивото на односи и балансот на политика кон двата центри на моќ“, рече Штајнмаер претставувајќи нова надворешно-политичка ориентација во рамки на дискусијата со берлински студенти.
Тој најави и можност на воспоставување регионална соработка која би подразбирала создавање заеднички пазари на ЕУ и одделни држави.
