Политика

Нова влада до крајот на неделава

10.01.2022 13:45

Раководните тела на СДСМ треба да ги потврдат кадровските решенија за состав на новата влада. Според најавите, персоналниот состав и новата владина програма до утре ќе бидат адресирани до Собранието. За да добијат зелено светло треба мнозинство гласови на пратениците...

Раководните тела на СДСМ треба да ги потврдат кадровските решенија за состав на новата влада. Според најавите, персоналниот состав и новата владина програма до утре ќе бидат адресирани до Собранието. За да добијат зелено светло треба мнозинство гласови на пратениците.

Засега извесно е дека во министерската фотелја во здравство ќе седне Беким Сали од Алтернатива. Партијата која добива уште две министерски позиции, без ресор, задолжен за дијаспора и за информатичко општество и администрација.

Во новата влада нема да бидат Филипче, Шекеринска, Царовска, Димитров, Шахпаска. Образование го презема ДУИ, а кадар на СДСМ ќе раководи со земјоделство. Најверојатно на челната позиција во МВР останува Оливер Спасовски.