Битолчани сè уште во шок по серијата земјотреси
Oпштина Битола ќе формира комисија за надомест на штетите од земјотресот -заседаваше кризниот штаб. Битолчани сè уште се во грч, по силниот потрес синоќа петнаесетина минути пред 23 часот, голем дел ја минаа ноќта на отворено, а дел и го напуштија градот...

Битолчани сè уште се во шок по земјотресот кој синоќа во 22 часот и 43 минути стресе со јачина од окулу 5,5 степени според Рихтеровата скала. За среќа загинати или потешко повредени нема, но големата материјална штета е евидентна посебно кај колективните станбени објекти. Повозрасните битолчани велат дека вакви материјални штети беа забележани и во земјотресот што Битола ја зафати во септември 1994-тата година.
По синоќешната обиколка на институциите задолжени за давање на прва помош, градоначалникот Тони Коњановски закажа состанок на кризниот штаб на кој треба да се донесат некои заклучоци. Вонредна точка ќе биде поставена и на денешната седница на општинскиот совет. Коњановски изутрината за јавниот сервис рече дека во однос на проценките на штетите ќе се реагира брзо.
Инаку, епицентарот на земјотресот беше на 20-сетина километри од Битола во близина на грчката општина Лерин. По најголемиот удар почуствиувани се повеќе помали потреси ноќеска и изутината, но не предизвикаа поголема паника кај граѓаните кои ноќта ја поминаа во куќите на своите роднини и пријатели или останаа будни во своите автомобили.
Стевче Митревски
