Македонија

Нови 813 случаи со Ковид-19, починати 10 лица

10.01.2022 14:35

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 234.277, бројот на оздравени пациенти е 215.852, на починати е 8.042, а бројот на активни случаи изнесува 10.383.

Во последните 24 часа направени се 5.165 тестови, а регистрирани се 813 нови случаи на Ковид- 19: Скопје – 549, Битола – 49, Куманово – 40, Кавадарци – 25, Охрид – 20, Струмица – 17, Прилеп – 16, Штип – 11, Струга – 10, Гостивар и Велес – по 9, Гевгелија – 7, Кочани – 6, Ресен и Виница – по 5, Крива Паланка, Радовиш, Делчево и Пробиштип – по 4, Тетово, Кичево, Неготино, Берово и Дебар – по 3, Демир Хисар – 2, Свети Николе и Валандово – по 1.

Регистрирани сe 998 оздравени пациенти,а во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица: 3 починати лица од Скопје (56г, 74г и 78г) и по едно починато лице од Тетово (78г), Валандово (58г) и Кичево (78г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се 4 лица, 2 починати лица од Тетово (странец) и по едно починато лице од Кичево и Гостивар, починати во период од 27 - 29.12.2021г. Починатите се на возраст од 57 години до 68 години. Од пријавените 2 лица се починати во болнички услови и 2 во домашни услови.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 234.277, бројот на оздравени пациенти е 215.852, на починати е 8.042, а бројот на активни случаи изнесува 10.383.

Досега во земјата се направени вкупно 1.665.043 тестирања на Ковид-19.