РКЕ

Повисоки цени на горивата од полноќ

10.01.2022 14:46

Од полноќ, литар бензин од 95 октани ќе се точи за 75,5 денари за литар, два денари поскап е бензинот од 98 октани, а новата цена на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 67,5 денари. Од полноќ поскапува и мазутот...

Бензините поскапуваат за половина денар, дизелот и екстра лесното за 2 денари за литар. Регулаторната комисија за енергетика ја направи пресметката за неделава. Од полноќ, литар бензин од 95 октани ќе се точи за 75,5 денари за литар, два денари поскап е бензинот од 98 октани, а новата цена на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 67,5 денари. Од полноќ поскапува и мазутот.

Во просек, малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат за повеќе од 2 процента поради повисоките цени на светските берзи и движењето на курсот на денарот во однос на доларот.