Ковид-19

Комисијата за заразни болести ќе одлучува за изолацијата

10.01.2022 15:22

Комисијата за заразни болести утре ќе одлучува дали ќе се скрати периодот за изолација на заболените од ковид. Епидемиолозите апелираат, пред да се донесе одлука, да се анализираат сите факти. Омикрон се шири забрзано, можни се и мутации...

По огромниот скок на новозразени со Ковид-19, комисијата за заразни болести ќе ја разгледува епидемиолошката состојба. Членовите ќе разговараат за деновите за изолација. Можно е да се скрати времето на изолација за граѓаните кои се регистрирани како позитивни случаи. Не се исклучува и разгледување на опции кои ќе се однесуваат на вакцинирани, невакцинирани, симптоматски случаи. Засега, од надлежниот ресор не откриваат повеќе детали.

И покрај тоа што има многу нови заразени, сепак, многу помал е бројот на лица кои имаат тешка клиничка слика. Омикрон се покажува како многу позаразна мутација, но дава полесни симптоми.

Епидемиологот Олумчев вели - може да се скрати излолацијата, но само доколку заразата е сигурно со новиот сој. Од економски аспект мерката е оправдана, но мора да се внимава и на здравствениот аспект, вели докторот.

Се пушти Омикрон да стане доминантен за да се созаде колективен имунитет. Но, клиничкиот дел говори нешто друго. За рестриктивни мерки е доцна, вели Олумчев, кој смета дека треба да се работи на едукација на граѓаните за мерките за заштита. Бројките и кај децата ќе растат, па според него, распустот треба да биде продолжен.

Наташа Јанчиќ Менковски