Образование

Oд епидемиолошката состојба ќе зависи дали второто полугодие ќе почне со физичкo присуство

10.01.2022 15:26

Oд епидемиолошката состојба ќе зависи дали второто полугодие ќе почне со физичкo присуство, велат од образование, по барањето на невладините наставата да се одвива онлајн, поради зголемен број заразени со Ковид-19…

Поради зголемувањето на бројот на заразени со коронавирусот, нема услови за настава со физичко присуство, рекоа од Движењето за поддшка на онлајн настава. Оттаму ги повикуваат владата и министерствата за образование и за здравство, да донесат одлука второто полугодие да почне со онлајн настава за сите ученици.

Од Министерството за образование, пак велат, одлуката ќе се донесе по координацијата меѓу институциите.

Министерството за образование и наука ќе се координира со Минситерството за здравство и Комисијата за заразни болести околу одлуката за начинот на кој ќе продолжи наставата во второто полугодие од учебната 2021 – 2022 година, за што јавноста ќе биде навремено информирана, се вели во соопштението Министерството за образование.

 

Марија Котовска