Истекува рокот за акредитација на изборни набљудувачи

02.04.2014 12:37

До вчера попладне се акредитирани 166 меѓународни и 27 домашни набљудувачи...

На полноќ завршува рокот за доставување барања до Државната изборна комисија (ДИК) за набљудување на претседателските избори  закажани за 13-ти април.

До вчера попладне се акредитирани 166 меѓународни и 27 домашни набљудувачи, но до ДИК има пристигнато и други барања со што овој број ќе биде поголем.

Од МОСТ најавија дека на претседателските и парламентарните избори ќе ангажираат 2.238, а ОБСЕ најави дека двата изборни процеси ќе ги следи со 331 набљудувач.