Бугарија ги дефинира позициите пред посетата на Петков на Скопје
Во Софија заседаваше Консултативниот совет за национална безбедност. Македонија во фокус...

Бугарскиот државен врв на консултативен совет за национална безбедност ги дефинира позициите кон Mакедонија. Сoстанокот го свика претседателот на земјата, Румен Радев, а доаѓа пред најавената посета на премиерот Петков на Скопје, закажана за 18-ти јануари. Идејата на Петков е освен Комисијата за историја, да се формираат и уште четири други работни групи за економија, инфрастриктура, евроинтеграцијата,култура, коишто според него, ќе придонесат за продлабочување на односите меѓу двете земји.
За време на состанокот на Консултативниот совет за национална безбедност, ВМРО на Красимир Каракачанов протестираше со барање за одржување на референдум за позициите на Софија во однос на евроинтеграцијата на Северна Македонија. Критики до претседателот Радев за свикување на Советот и од поранешната шефица на бугарската дипломатија Захариева, која смета дека состанокот бил непотребен.
Ирина Гелевска
