Култура

Филмови за најмладите во Кинотека

10.01.2022 16:05

Проекциите за најмладите ќе бидат напладне а ќе имаат можност да ги проследат популарните анимирани филмови: „Биби“, „Боби и една снешкастична нова година“, „Каламити Џејн“ и „Патешествието на принцот“.

Кинотеката, по традиција, првите денови од новата година им ги посветува на најмладите љубители на филмот и на тинејџерите. Тие од 13 јануари 2022 година ќе имаат можност да погледнат неколку интересни наслови.

Проекциите за најмладите ќе бидат напладне а ќе имаат можност да ги проследат популарните анимирани филмови: „Биби“, „Боби и една снешкастична нова година“, „Каламити Џејн“ и „Патешествието на принцот“.

За тинејџерите се резервирани вечерните проекции со почеток од 19 часот. На репертоарот ќе бидат францускиот игран филм „Антоанета во Севените“ и италијанските наслови „Брат ми брка диносаури“ и „Стакленото момче“.