Трибуналот за Косово ќе биде распореден во три земји
Судот кој ќе ги истражува воените злосторства на Косово ќе има седиште во Брисел, канцеларија во Приштина, а судењата најверојатно ќе се вршат во Хаг, пишува косовскиот весник Tribuna.
Весникот наведува дека канцеларијата во Приштина ќе има за задача да комуницира со јавноста, додека судиите и обвинителите ќе бидат во Брисел.

Повикувајќи се на неименувани извори, Tribuna пишува дека судењата во Хаг би им одговарале на повеќе членки на Европската унија , бидејќи не поддржуваат создавање суд поради сопствените внатрешни правни причини, додека во Холандија не постојат такви препреки, поради тоа што на нејзината територија веќе функционираат неколку меѓународни трибунали.
Американската амбасадорка во Приштина, Трејси Ен Џејкобсон, изјавила дека решавањето на прашањето за специјалниот суд за воени злосторства на Косово е блиску, но дека Приштина и ЕУ сé уште разговараат .
„Сметам дека решението треба да биде такво што ќе ги исполнува барањата на обвинителството, меѓународанта заедница и потребите на Косово. Мислам дека сме блиску до решавање на ова прашање, но не сакам да говорам прерано, бидејќи разговорите меѓу Косово и ЕУ сé уште течат", изјавила Џејкобсон за порталот Ekspres.
Според неа, најважно од сé е тој суд да обезбеди меѓународно кредибилитетен процес, и да може да се фокусира на сите останати предизвици со кои се соочува Косово.
На прашањето дали косовската страна има тврд став за формирањето на Трибуналот и инсистирањето тој да не биде надвор од Косово, амбасадорката изјавила дека судската процедура треба да биде транспарентна и да ги исполнува меѓународните стандарди.