Македонија

АХВ со мерки по појавата на Африканската свинска чума

11.01.2022 09:24

По појавата на болеста Африканска свинска чума во две фарми во делчевско, ветеринарните власти забранија трговија и движење на свињите надвор од фармите. До крајот на месецев ќе се спроведе и вонреден попис. Во ловиштата во источниот регион, ловот е целосно забранет, а концесионерите угинатите диви свињи треба веднашда ги пријават кај ветеринарите. Оваа болест не е опасна за луѓето...

Целосно се забранува трговија и движење на свињи надвор од фармите, а до крајот на месцов ќе се спроведе и  вонреден попис на животните и здравствен преглед во огледувалиштата.

Во сите ловишта во источниот регион целосно е забранет ловот на сите видови на дивеч.

Ловечките друштва и концесионерите на ловиштата имаат обврска да вршат пребарување за пронаоѓање на угинати диви свињи, за земање на мостри и нивно отстранување, а пронајдените мртви животни треба да се пријават кај надлежните ветеринари.

Во одгледувалиштата во делчевско каде што е потврдено присуството на болеста, извршена е отстранување на шест свињи, земени се мостри за лаборатиориско испитување, а лешевите на угинатите и отстранети животни, се безбедно закопани.

Во заштитната зона во радиус од три километри околу потврдените жариштa, се спроведува попис и здравствен преглед на сите одгледувалишта. Воведена е и забрана за движење и превоз на свињите во и од сите фарми од оваа зона, освен ако свињите се транспортираат  на колење во најблиската соодветна кланица. 

 

Методија Трајков