Политика

Ковачевски го скрои владиниот кабинет, треба да го поднесе предлогот до Собранието

11.01.2022 09:41

Владата предводена од СДСМ ќе остане посветена на стратешките цели, евроатлантските интеграции и полноправно членство во ЕУ, нагласи Ковачевски.

Централниот одбор даде виза за предложениот состав на владата од мандатарот и лидер на  СДСМ, Ковачевски. Славица Грковска- вицепремиер против корупција, Љупчо Николовски во земјоделство, Никола Тупанчевски министер за правда, Бојан Маричиќ во евроинтеграции, Славјанка Петровска на позицијата министерка за одбрана. Битиќи и Спасовски, и во новата влада. Програмата и владиниот состав денеска ќе бидат доставени во Собранието.

Владата предводена од СДСМ ќе остане посветена на стратешките цели, евроатлантските интеграции и полноправно членство во ЕУ, нагласи Ковачевски.

Нашата цел да составиме стабилна Влада, со јасни принципи на делување во интерес на граѓаните и државата е исполнета. Задоволен сум како течеше целиот процес, во позитивна и конструктивна атмосфера, посветени на одговорноста за подобра иднина на сите наши граѓани, рече Ковачевски, најавувајќи дека примарен фокус во следните месеци ќе биде ставен на силен одговор на глобалната енергетска криза која се надоврза на веќе тешката економска состојба предизвикана од Ковид-пандемијата.