Политика
ВМРО-ДПМНЕ: Владата се одржува поради клиентелизам
11.01.2022 09:49
Според партијата, заради клиентелизмот на овие партии, Ахмети е премиер во сенка, и нема никаква одговорност.

ЛДП, ДОМ и Демократскиот сојуз се виновни што уште функционира оваа криминална влада на СДСМ, со која раководaт ДУИ и Ахмети, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, заради клиентелизмот на овие партии, Ахмети е премиер во сенка, и нема никаква одговорност.
ЛДП, ДОМ и ДС се виновни зошто во Македонија владее влада, заради која сме на врвот на листите по криминал и корупција, се вели во дописот од ВМРО-ДПМНЕ.
