Политика

Софија не ги менува позициите, стартот на преговорите да не се врзува со рокови

11.01.2022 10:06

Радев порача дека стартот на преговорите не треба да се врзува со рокови, туку со реални резултати, кои според него, македонската страна не ги испорачува.

Софија не ги менува позициите за македонските евроинтеграции, потврди претседателот Радев по состанокот на државно-политичкиот врв во земјата. Радев порача дека стартот на преговорите не треба да се врзува со рокови, туку со реални резултати, кои според него, македонската страна не ги испорачува.

„Четири години од потпишувањето на Договорот за добрососедство, С. Македонија не го направи она што е потребно за негова имплементација, но не гарантира ниту исполнување на преземените обврски“, оцени бугарскиот претседател.

Според него, децениската дискриминација на македонските Бугари во Македонија ескалирала со јавни напади врз граѓани кои се декларирале така, нагласувајќи дека овие права се клучен елемент на Копенхашките критериуми и за кои не може да се преговара.

Како што истакна Радев, бугарската влада добила задача да го почитува Договорот за добрососедство и пријателство, рамковниот став на Бугарија, како и Декларацијата на бугарскиот парламент за С. Македонија во преговорите со Скопје.