Регион

Радев и Петков во карантин по вчерашната седница на Советот за безбедност

11.01.2022 09:20

На седумчасовната средба Минчев бил во друштво на претседателот Радев, премиерот Петков, министрите за одбрана, внатрешни работи и финансии, началникот на генералштабот на бугарската армија, како и шефовите на безбедносните и разузнавачките служби.

Претседателот на бугарскиот парламент Никола Минчев е позитивен на Ковид-19, откако присуствуваше на состанок со највисоките политичари и функционери во земјата.

На седумчасовната средба Минчев бил во друштво на претседателот Радев, премиерот Петков, министрите за одбрана, внатрешни работи и финансии, началникот на генералштабот на бугарската армија, како и шефовите на безбедносните и разузнавачките служби.

Бугарскиот премиер Петков кој најави дека на 18-ти јануари доаѓа во прва посета на Македонија е во 10-дневен карантин. Посетата се доведува во прашање, иако засега официјална потврда за нејзино одложување нема.