Расте бројот на заразени со Ковид-19, се воведуваат нови мерки
Доколку сојот Омикрон стане доминантен, Белгија планира пациентите заразени со Ковид-19 да не ги третира приоритетно. Шпанската влада ја разгледува можноста за следење на Ковид-19 слично како и грипот. Франција со предлог учениците да се самотестираат.

Расте бројот на заразени со коронавирус во светот. Европските земји со свои правила за справување со пандемијата.
Доколку сојот Омикрон стане доминантен, Белгија планира пациентите заразени со Ковид-19 да не ги третира приоритетно. Шпанската влада ја разгледува можноста за следење на Ковид-19 слично како и грипот. Франција со предлог учениците да се самотестираат.
Во САД, нов неславен рекорд. Во изминатите 24 часа се регистрирани 1,35 милиони нови случаи на коронавирус.
Во изминатите три недели се удвои и бројот на хоспитализирани лица, кој исто така е најголем од почетокот на пандемијата.
