Свет
Почина претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли
11.01.2022 09:38
Сасоли бил во болница повеќе од две недели поради проблеми со имунолошкиот систем.

Претседателот на Eвропскиот парламент, Дaвид Марија Сасоли, почина на 65-годишна возраст. Сасоли бил во болница повеќе од две недели поради проблеми со имунолошкиот систем.
Смртта на Сасоли доаѓа точно седум дена пред официјалното завршување на неговиот мандат како шеф на Европскиот парламент, бидејќи изборот на нов шеф на една од трите најважни институции на Европската унија беше закажан за 18-ти јануари на пленарната седница на парламентот.
