Операта „Фауст“ премиерно во МОБ
Во петок, 4 април, 2014 г. со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведена оперската претстава „Фауст“ од Шарл Гуно. Премиерата на оваа познато дело, кое го обработува и славниот Гете, на сцената на Македонската Опера и Балет, се одржа на 25 октомври 2013 година, по пауза од 30 години.

Во петок, 4 април, 2014 г. со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведена оперската претстава „Фауст“ од Шарл Гуно. Премиерата на оваа познато дело, кое го обработува и славниот Гете, на сцената на Македонската Опера и Балет, се одржа на 25 октомври 2013 година, по пауза од 30 години. Во петочната претстава ќе настапат: Зоран Сотиров, во насловната улога, Иван Томашев, гостин од Србија, во улогата на Мефисто, Маргарета: Олгица Милевска, Валентин: Ристе Велков, Вагнер: Драган Ампов, Зибел: Дејан Стоев и Марта: Марика Поповиќ.
Режисер е Марио де Карло од Италија, диригент: Рафаел Шлисерберг од Австрија.
