Култура

„Танец“ на турнеја во САД и Канада

11.01.2022 10:49

Настапите ќе се одржат во престижни сали во Монтреал, Отава, Торонто, Детроит, Чикаго, Кливленд и во Њујорк.

Во февруари, Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ заминува на турнеја на Северно-американскиот континент. Овој реномиран ансамбл ќе има концерти во повеќе поголеми градови во САД и Канада.

Настапите ќе се одржат во престижни сали во Монтреал, Отава, Торонто, Детроит, Чикаго, Кливленд и во Њујорк.

„Танец“ патува за Америка 66 години по првото гостување на овој континент и 13 години од нивната последна турнеја. Ансамблот за првпат настапил во Америка во далечната 1956 година, во престижната сала „Карнеги хол“. „Танец“ добил позитивни критики, а публиката била воодушевена.

Години наназад, овој наш амбасадор на културата, до публиката во многу земји ширум светот ги доближува вредностите на нашиот фолклор, народни игри и песни.