МВР
Приведен дилер, пронајдена дрога
11.01.2022 11:16
Биле пронајдени марихуана, бела грутчеста материја, таблетки, дигитална вага и нож...

Во еден часот по полноќ, денеска на подрачјето на Ѓорче Петров полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.О.(40) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени марихуана, бела грутчеста материја, таблетки, дигитална вага и нож.
По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираат од МВР.
