Казахстан

Токаев: За два дена почнува повлекувањето на трупите од ОДКБ во Казахстан

11.01.2022 11:22

Во обраќањето пред парламентот, на кој беше претсавена кандидатурата на Алихан Смаилов за премиерската функција, Токаев рече дека трупите ќе го завршат целосното повлекувањето во следните 10 дена.

Организацијата за договор за колективна безбедност предводена од Русија се повлекува од казахтасн за два дена, изјави претседателот Токаев.

Во обраќањето пред парламентот, на кој беше претсавена кандидатурата на Алихан Смаилов за премиерската функција, Токаев рече дека трупите ќе го завршат целосното повлекувањето во следните 10 дена.

Воениот контингент пристигна во Казахстан во изминатата недела, откако раководството побара воена помош во услови на насилни немири.

За време на протестите загинаа повеќе од 160 луѓе, а околу осум илјади се приведени.