Посета

Пендаровски- Мета: Да се деблокира процесот за почеток на пристапните преговори

11.01.2022 11:51

Двете држави даваат силен придонес за просперитетот, стабилноста и безбедноста на регионот, како и за неговата европска перспектива, констатирале двајцата претседатели.

Албанскиот претседател Илир Мета е во посета на земјава. Во Вила Водно беше примен од претседателот Пендаровски. На средбата разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави.

Двете држави даваат силен придонес за просперитетот, стабилноста и безбедноста на регионот, како и за неговата европска перспектива, констатирале двајцата претседатели.

Пендаровски и Мета се согласиле дека мора да се деблокира процесот за скорешен почеток на пристапните преговори на двете држави за членство во Европската унија.

Албанскиот претседател кој во земјава е на покана од Институтот за духовно и културно наследство на албанците, ќе се сретне и со собранискиот спикер Талат Џафери.