Здравство

Комисијата за заразни болести ја разгледува епидемиолошката состојба

11.01.2022 12:11

Засега е неизвесно дали ќе бидат предложени дополнителни рестриктивни мерки, но според информациите, членовите ќе решаваат за можноста да се скрати периодот за изолација на асимтоматските случаи од 10 на 7 дена, а на позитивните од 20 на 10 дена.

Комисијата за заразни болести ја разгледува епидемиолошката состојба во земјава. Засега е неизвесно дали ќе бидат предложени дополнителни рестриктивни мерки, но според информациите, членовите ќе решаваат за можноста да се скрати периодот за изолација на асимтоматските случаи од 10 на 7 дена, а на позитивните од 20 на 10 дена.

За една недела за 51 насто е зголемен бројот на позитивни од тестирани на Ковид-19, покажува анализата на Институтот за јавно здравје. Пријавени се 946 реинфекции, што е седумкратно зголемување во однос на претходната недела.

Ова е петти бран на Ковид-19, потребни се дополнителни рестриктивни мерки, сметаат дел од докторите.