Вонредна состојба во Чиле по силниот змјотрес
Најмалку петмина загинаа, а има и повредени во силниот земјотрес од 8,2 степени според Рихтер што го погоди северниот брег на Чиле. Епицентарот на земјотресот бил на 90 километри од пристаништето Икике во водите на Пацификот и предизвикал цунами со бранови од 2 метра. Претседателката Мишел Бачелет прогласи вонредна состојба во некои делови од земјата.

„Ги преземавме сите неопходни мерки, веднаш издадовме аларм за цунами, жителите масовно се евакуираат. Владата ќе направи се за да ги заштити жителите. Се уште не можеме да дадеме конкретни податоци за штетите од силниот земјотрес“, соопшти Мишел Бачелет, претседателка на Чиле.
Земјотресот предизвикал одрони, блокирани се голем дел од патиштата, илјадници домови се без електрична енергија, оштетен е и аеродром, а неколку објекти се опожарени.
„Земјотресот беше многу силен и многу долго траеше. Се околу нас се тресеше, единствено што можевме да направиме со мојата ќерка, е да се молиме“, вели една жителка.
„Се соочуваме со тешка ситуација, службите за итни случаи се на терен, почнавме со евакуација на жителите од крајбрежните области“, изјави Махмед Алеу, заменик министер за внатрешни работи.
Предупредување за цунами е издадено во Перу, Костарика, Еквадор, Колумбија, Панама и Хаваите.
Марија Петковска