Пониски сметки за струја ќе добијат над 7.500 домаќинства со ниски приходи
Според јавниот оглас објавен на веб- страната на Министерството за економија, лицата со ниски примања се стекнуваат со финансиска поддршка преку намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во износ од 600 до 800 денари месечно сметано од денот на поднесување на барањето.

Министерството за економија денеска го објави јавниот повик за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за лица со ниски примања за 2022 година, објави министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил. Како што информираше министерот за оваа мерка обезбедени се 60 милиони денари.
Со цел да се обезбеди заштита на ранливи потрошувачи на енергија, согласно Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2022 година Министерството за економија денеска објави јавен оглас за доделување на финансиска поддршка на лицата со ниски примања во 2022 година чии редовни месечни примања во домаќинството не го надминуваат нето приходот од 30.000 денари и тоа за: самец до 15.194 денари; домаќинство со два члена до 18.000 денари; домаќинство со три члена до 21.000 денари; домаќинство со четири члена до 25.000 денари и домаќинство со пет члена и повеќе до 30.000 денари.
Според јавниот оглас објавен на веб- страната на Министерството за економија, лицата со ниски примања се стекнуваат со финансиска поддршка преку намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во износ од 600 до 800 денари месечно сметано од денот на поднесување на барањето.
Доделувањето на финансиската поддршка го врши Министерството за економија преку селекција на пристигнатите барања од домаќинствата со примена на принципот на најниски примања во домаќинство во 2021 година за секоја од категориите наведени во овој оглас, се до исцрпување на предвидените средства согласно програмата.
Право на учество на овој јавен оглас имаат лицата со ниски кои ќе поднесат Образец за барање за искористување на финансиска поддршка кој може да се подигне во архивата на Министерството за економија или да се обезбеди преку интернет страната на Министерството.
Со барањето за искористување на финансиската поддршка барателот до Министерството за економија задолжително ги доставува следните документи: изјава заверена на нотар со која се потврдува дека целокупната приложена документација кон барањето е точна и веродостојна (образецот на изјавата ќе може да се подигне во архивата на Министерството за економија или да се обезбеди преку интернет страната на министерството.
