Политика

Бугарскиот премиер Петков ја одложи посетата на Скопје

11.01.2022 14:22

Иако нема информација за кога повторно ќе биде закажана, од бугарската влада потенцираат дека истата не се откажува.

Се одложува посетата на Скопје на бугарскиот премиер Кирил Петков. Иако нема информација за кога повторно ќе биде закажана, од бугарската влада потенцираат дека истата не се откажува.

Одложувањето доаѓа откако премиерот Петков и претседателот Румен Радев заминаа во изолација по седницата на Советот за национална безбедност, по која претседателот на Собранието, Никола Минчев, соопшти дека е позитивен на корона вирус. Некои од другите учесници на средбата објавија дека нема да одат во самоизолација.

Посетата беше закажана за 18-ти јануари, а требаше да се случи по официјализирањето на новиот кабинет на Ковачевски и по неодамнешниот избор на Петков.