Политика

ВМРО-ДПМНЕ: Владата го продолжува заевизмот

11.01.2022 15:00

Ковачевски предлага поразени политичари. Ова не е нова, туку влада што го продолжува заевизмот, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, ова е влада која што ќе продолжи со криминалот и корупцијата...

Во предложената влада на Ковачевски се поразените политичари коишто економски и криминално ќе ја доуништат Македонија. Воопшто не е нова, туку е влада на континуитет во која доминираат Заев, Оливер Спасовски и ДУИ, коментира опозициската ВМРО – ДПМНЕ. Цврстиот впечаток е дека оваа е Влада на истите луѓе, со исти вредности кои донесоа порази на државата, ја направија најкорумпирана во Европа, со огромна сиромаштија, ниски плати, со високи цени на производи, и со веќе многу извесна енергетска и економска криза- коментира потпретседателот на партијата Николоски.

„Во самиот состав може да се забележи и конфликтот меѓу различните групации коишто постојат во СДСМ, така што се сведува на расчистување на клановски битки од една, од друга страна еден целосен контитуитет на кадрите на ДУИ, коишто домираат и во оваа влада и насадената Алтернатива и неизбежниот „плата- о- пломо“ Кастриот Реџепи“, изјави Николоски.

Најмалку десетина професори и политичари го одбиле Ковачевски да бидат дел од владата – тврди Николоски. Затоа, смета тој, владата во континуитет ќе го продолжи заевизмот без реформи во клучните сектори.

Ова е влада која ќе продолжи без решенија во клучните ресори, влада која што нема решенија за економијата, за европските интеграции, влада која што нема да испорача поевтина електрична енергија, која што нема да помогне на стопанството, која што нема да ги затопли македонските домови. И затоа ова е влада која што ќе продолжи со криминалот, а која што го помагаат приврзоците на криминалот од типот на ДОМДемократскиот сојуз, ЛДП и останатите помали партнери кои што за ситни интереси продолжуваат да ја подржуваат оваа влада“, нагласи Николоски.

По сето изнесено, опозициската ВМРО– ДПМНЕ смета дека предвремените парламентарни избори се единственото решение, затоа владата на Ковачевски нема легитимитет и само дополнително економски ќе ја опустоши земјава.

 

Миле Ристески