Формула 1

Се е познато,само уште победникот

02.04.2014 13:14

Патеката Шакир им е добро позната на сите тимови откако тука ги извршија претсезонските тестирања, конфигурацијата и поставеноста на двете зони за користење на ДРС системот се исти како и минатата година, возачите минаа многу кругови со новите пневматици на Пирели за време на тестирањата, па се чини дека се е познато пред големата награда на Бахреин. Но кој може да прогнозира кој ќе биде победникот на третата трка во новата сезона за големата награда на Бахреин?

Од Пирели потврдија  дека возачите во Ф1 за големата награда на Бахреин ќе ги имаат на располагање медиум и меките пневматици бидејќи патеката бара доста тракција. Од снабдувачот со пневматици велат дека по тестирањата имаат доволно податоци за да им понудат добар производ на тимовите, но останува непознаница како гумите ќе се однесуваат на големата температурна разлика што се очекува. Според мерењата за време на неделната трка температурата на патеката за време на стартот може да падне за 15 степени во финишот на натпреварот, што ќе биде причина за многу интересни тактики на тимовите.

Што се однесува до зоните за користење на ДРС(системот за смалување на отпорот), тие остануваат исти како и лани и се поставени на двата правца: на стартно целната рамнина и втората меѓу свиоците 10 и 11.

Промени на патеката нема, со исклучок на информацијата дека за време на трката ќе бидат запалени новоинсталираните рефлектори за ноќна трка.