Здравство

1.964 нови случаи со Ковид-19, починати 13 лица

11.01.2022 16:30

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 236.241, бројот на оздравени пациенти е 215.853, на починати е 8.055, а бројот на активни случаи изнесува 12.333.

Во последните 24 часа направени се 7.724 тестови, а регистрирани се 1.964 нови случаи на Ковид-19 во Скопје – 1070, Битола – 226, Прилеп – 122, Куманово – 52, Охрид – 51, Валандово – 44, Радовиш – 35, Велес – 32, Гевгелија – 31, Кавадарци – 29, Тетово и Кочани по – 22, Гостивар и Крушево по – 21, Струга и Струмица по  – 20, Кичево и Крива Паланка по – 17, Ресен и Богданци по – 13, Штип, Неготино и Делчево по – 12, Свети Николе – 10, Кратово – 9, Демир Хисар – 8, Берово, Пробиштип, Македонски Брод и Пехчево  по – 4, Дебар, Виница и Македонска Каменица по - 2, Демир Капија – 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: 2 починати лица од Скопје (82г и 87г), 2 починати лица од Прилеп (74г и 86г) и по едно починато лице од Ресен (67г), Струга (71г) и Крива Паланка (39г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се 6 лица, 2 починати лица од Гевгелија (66г и 78г) и по едно починато лице од Скопје (71г), Битола (78г), Делчево (70г) и Кавадарци (76г), починати во период од 30.12.2021-08.01.2022г. Починатите се на возраст од 66 години до 78 години. Од пријавените 3 лица се починати во болнички услови и 3 во домашни услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 236.241, бројот на оздравени пациенти е 215.853, на починати е 8.055, а бројот на активни случаи изнесува 12.333.

Досега во земјата се направени вкупно 1.672.767 тестирања на Ковид-19.