Политика

Петков сепак доаѓа во Скопје на 18-ти јануари

11.01.2022 19:25

Според нашето МНР, посетата нема да биде одложена како што претходно јави бугарскиот јавен сервис, поради самоизолација на премиерот, по контактите со спикерот на бугарското собрание, Минчев, кој е заразен од Ковид-19.

Македонското Mинистерството за надворешни работи информира дека се извршени консултации со колегите од Софија, за посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков на Mакедонија, на 18-ти јануари.

Според нашето МНР, посетата нема да биде одложена како што претходно јави бугарскиот јавен сервис, поради самоизолација на премиерот, по контактите со спикерот на бугарското собрание, Минчев, кој е заразен од Ковид-19.

Македонското МНР дополнува дека останува предвидената рамка на посетата закажана за терминот наредната недела.

Во меѓувреме, владата на денешната седница го разреши досегашниот претставник во разговорите меѓу Скопје и Софија, Владо Бучковски. Во објаснувањето Бучковски вели дека, разговорите ќе се водат во нов формат, на ниво на двете министерства за надворешни и преку петте работни групи.