Македонија
Земјотрес и во Скопје, тлото во Битола не се смирува
12.01.2022 09:42
Изутринава почувствуван земјотрес со јачина од 2,6 степени според Рихтер во скопското епицентрално подрачје. Тлото во Пелагонија не се смирува...

Изутринава почувствуван земјотрес со јачина од 2,6 степени според Рихтер во скопското епицентрално подрачје. Се случи во близина на Студеничани и Драчево, на длабочина од 10 километри.
И тлото во Пелагонија не се смирува. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово повторно регистрираше серија на земјотреси од пограничното епицентрално подрачје Битола – Лерин.
Според досегашните податоци на опсерваторијата, најсилно беше почувствуван земјотресот во 04:01 часот, со локална Рихтерова магнитуда од 3,7 степени од населението во градот Битола и околината.
