Македонија

МВР: 109 санкционирани возачи во Скопје, 13 без возачка

12.01.2022 09:28

На територија на град Скопје изречени се вкупно 109 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13 санкции, девет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, седум санкции за возење повеќе од дозволената брзина.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 109 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13 санкции, девет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, седум санкции за возење повеќе од дозволената брзина.

Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, четири санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), 36 за непрописно паркирање.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопштуваат од МВР.