Зголемена опасност од птичји грип
По појавата на болеста птичји грип на живинарска фарма во Бугарија, домашните одгледувачи стравуваат од нејзиното можно проширување и кај нас. Ветерините власти ги советува живинарите да преземат мерки да се спречи контактот со дивите птици и влегувањето на луѓето во фармите. Болеста е зооноза која првенствено ги напаѓа птиците, но не е исклучена и можноста за зараза и заболување кај луѓето...

Болеста птичји грип ја има во Западна Русија и Казахстан, од каде птиците преселници, во некои делови преку Европскиот континент прелетуваат до местата за презимување. Нашата земја не им на патот, но секогаш постои опаснос од нејзино појавување.
На живината и другите птици, порачуваат ветеринарите треба да им се ограничи движењето надвор од живеалиштата, а одгледувачите треба да внимававаат и да превземат мерки да се спречи евентуален контакт со дивите птици и да не се привлече нивното внимание со давање вода и храна на живината во дворовите.
Промената во здравствената состојба на живината или зголемената смртност задожително треба да се пријави кај ветеринарните власти. Забрането е хранење на живината и другите домашни животни, првенствено кучиња и мачки со остатоци од диви птици бидејќи секој од нив е потенцијален потенцијален извор на зараза.
Птичјиот грип е зооноза и од неа, првенствено заболуваат птиците, но, можно е да заболат и луѓето. Болеста предизвикува големи економски загуби во живинарството, а кај птиците кои се чуваат како миленичиња и дивите птици, птичјиот грип предизвикува висока стапка на смртност.
Методија Трајков
