Македонија

Четиринаесет години од хеликоптерската несреќа во катлановско Блаце

12.01.2022 10:05

Хеликоптерот МИ-17, враќајќи се од Сараево, се урна на 12-ти јануари 2008-ма година кај Блаце. Обвинителството, по неколку години истражување, и врз основа на независната експертиза на британецот Едвард Пули ја затвори истрагата, без да покрене кривична одговорност.

Со полагање свежи цвеќиња на споменикот кај катлановско Блаце, ќе биде одбележана 14-годишнината од хеликоптерската несреќа, во која враќајќи се од мировната мисија Алтеа во Босна и Херцеговина, трагично загинаа 11 припадници на армијата.

Хеликоптерот МИ-17, враќајќи се од Сараево,  се урна на 12-ти јануари 2008-ма година кај Блаце. Обвинителството, по неколку години истражување, и врз основа на независната експертиза на британецот Едвард Пули ја затвори истрагата, без да покрене кривична одговорност.

Во конечниот извештај, обелоденет од тогашниот јавен обвинител Шврговски стоеше дека, и покрај многубројните посочени пропусти на Армијата и на контролата на летање, необученоста на пилотите за летање во лоши временски услови, била главната причина за несреќата.