Турската ТГА за туризам дел од Светската туристичка организација на ООН

12.01.2022 10:32

Генералниот секретар на Светската туристичка организација при Обединетите нации, Зураб Пололикашвили, ја назначи Агенцијата за унапредување и развој на туризмот на Република Турција (ТГА) за членка на Одборот на придружните членки нагласувајќи дека ТГА е силна и важна организација...

Агенцијата за унапредување и развој на туризмот на Република Турција (ТГА) е назначена за членка на управниот одбор на придружни членки на Светската Туристичка Организација од страна на Обединетите Нации (СТООН) за периодот 2022-2025 година. Светската туристичка организација при Обединетите нации (СТООН) како агенција одговорна за промовирање на одговорен, одржлив и универзално достапен туризам ги одреди придружните членки на управниот одбор за периодот 2022-2025 година. Генералниот секретар на Светската туристичка организација при Обединетите нации, Зураб Пололикашвили, ја назначи Агенцијата за унапредување и развој на туризмот на Република Турција (ТГА) за членка на Одборот на придружните членки нагласувајќи дека ТГА е силна и важна организација и изразувајќи желба да работи со ТГА за прашања тесно поврзани со организацијата, како што се управување со туризмот и промоција на дестинации во периодот по Ковид-19.

Покрај ТГА, Хрватското национално биро за туризам, Јапонското туристичко биро и бирото за туризам на регионот Баскија на Шпанија, исто така, беа назначени за членки на Управниот одбор на придружните членки. Новиот Управен одбор на придружните членки ќе се состане официјално за прв пат во јануари 2022 година. На истата седница ќе се определи и датумот на првата седница на која членките на одборот на директори ќе избираат претседавач и потпретседател.