Денеска ќе се поништи лиценцата на „Беса травел“, најави Бектеши
Министерот за економија Бектеши соопшти дека во Министерството за економија пристигнал извештајот од Инспекторатот за труд за лиценцата на туристичката агенција, според кој има разлика во сите информации за лиценцата што ги има таа агенција за транспорт.

Денеска ќе биде поништена лиценцата за туристичка дејност на „Беса транс“, со чијшто автобус се случи сообраќајната несреќа во Бугарија, во која животот го загубија 46 лица.
Министерот за економија Бектеши соопшти дека во Министерството за економија пристигнал извештајот од Инспекторатот за труд за лиценцата на туристичката агенција, според кој има разлика во сите информации за лиценцата што ги има таа агенција за транспорт.
На барање на Министерството за економија, пазарниот инспекторат ќе направи дополнителна контрола на условите и начинот на функционирање на „Беса транс“.
