Здравство

Активни 12.333 ковид- случаи во земјава

12.01.2022 10:57

Вкупниот број на инфицирани од почетокот на епидемијата достигна 236.241. Според вчерашната статистика, од направени 7.724 тестови, регистрирани се 1.964 нови случаи со Ковид-19...

Бројот на активни случаи со Ковид-19 во земјава изнесува 12.333. Вкупниот број на инфицирани од почетокот на епидемијата достигна 236.241. Според вчерашната статистика, од направени 7.724 тестови, регистрирани се 1.964 нови случаи со Ковид-19. Од новодијагностицираните во Скопје се 1.070, Битола 226, Прилеп 122, Куманово 52, Охрид 51… Починати се седум пациенти, сите во болнички услови, и дополнително шест починати во претходниот период. Досега во земјава како последица на коронавирусот починаа 8.055 лица.

Како што соопшти ресорното министерство, поради технички проблем во системот „Мој термин“, во текот на вчерашниот ден не се евидентирани оздравени лица. Тие ќе бидат прикажани во денешната информација.

Бројот на новозаболени од Ковид-19 расте и во земјите од регионот. Така, во Србија вчера првпат е регистриран петцифрен број новозаразени со коронавирус или 13.693 од вкупно направени 37.402 тестирања, што е најголемата дневна бројка на инфоцорани од почетокот на епидемијата.

Највисока бројка на новозаболени во еден ден од почетокот на пандемијата бележат и Словенија со 5.163 инфицирани лица и Албанија со регистрирани 2.177 новозаразени со коронавирусот.

Според Светската здравствена организација (СЗО), над половината од луѓето во Европа би можеле да бидат заразени со новиот сој на коронавирусот – Омикрон.