Хрватска- Воведување на 24-часовното дежурство на лекарите во болниците е незаконско?!
По одлуката од денеска во болниците и на клиниките да се воведе 24-часовно дежурство на лекарите, Хрватското здружение на болничките лекари предупредува дека тоа е против Законот и Колективниот договор и дека со ова се крши и ЕУ директивата која одредува максимално 48- часовна работна недела,вклучувајќи ја и прекувремената работа. Лекарите сметаат дека Владата на Хрватска на овој начин праќа неодговорна и опасна порака до сите граѓани дека прописите и договорите не мора задолжително да се почитуваат, а се нарушува и темелниот принцип на владеење на правото.

По одлуката од денеска во болниците и на клиниките да се воведе 24-часовно дежурство на лекарите, Хрватското здружение на болничките лекари предупредува дека тоа е против Законот и Колективниот договор и дека со ова се крши и ЕУ директивата која одредува максимално 48- часовна работна недела,вклучувајќи ја и прекувремената работа. Лекарите сметаат дека Владата на Хрватска на овој начин праќа неодговорна и опасна порака до сите граѓани дека прописите и договорите не мора задолжително да се почитуваат, а се нарушува и темелниот принцип на владеење на правото. Истовремено се отвора и прашањето за одговорност во случај на загрозување на животот на пациентите. Хрватските лекари го прашуваат министерот за здравство дали ќе ја преземе одговорноста ако се случи нешто предизвикано од одлуката за реорганизација на работното време којашто е донесена поради недостиг на кадар. Тие ги повикале сите одговорни фактори заеднички да најдат решение прифатливо и за работодавачите и за лекарите и за пациентите.
