Политика

ВМРО-ДПМНЕ: Сите го напуштаа бродот на Заев управуван од Ковачевски

12.01.2022 14:11

Според партијата, барем кариеристот Димитров нека не глуми генерал после војна и дека наводно бил жртва на „злобната“ Бугарија, туку тој е жртва на својата неспособност и распродавањето и поигрувањето со државните интереси.

Сите го напуштаат бродот на Заев управуван од Ковачевски, затоа што е јасно дека тој тоне, реакција од ВМРО-ДПМНЕ по прес- конференцијата на вицепремиерот во заминување Димитров.

Според партијата, барем кариеристот Димитров нека не глуми генерал после војна и дека наводно бил жртва на „злобната“ Бугарија, туку тој е жртва на својата неспособност и распродавањето и поигрувањето со државните интереси.

Задоцнета е грижата на кариеристот Димитров за националните и државни интереси, бидејќи беше првиот кој ги продаваше кога СДСМ беше во налет и цврста власт, и целосно ги игнорираше предупредувањата на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во реакцијата.