Кабинет на Заев: Доколку Димитров е против позициите кои сме ги изградиле заедно, да објасни зошто
Македонскиот идентитет и македонскиот јазик воопшто не се тема на разговор помеѓу нас и Бугарија, стои во реакцијата. Македонските позиции дадени како наш одговор по однос на темите кои се предмет на разговори со Бугарија, се изградени низ сеопфатен консултативен процес...
Реакција од кабинетот на премиерот Заев на изнесените ставови од вицепремиерот Димитров. Северна Македонија има јасни позиции во разговорите со Бугарија, изградени со целосно владино единство и испратени како одговор од нашето до бугарското МНР.
Македонскиот идентитет и македонскиот јазик воопшто не се тема на разговор помеѓу нас и Бугарија, стои во реакцијата. Македонските позиции дадени како наш одговор по однос на темите кои се предмет на разговори со Бугарија, се изградени низ сеопфатен консултативен процес и работни состаноци во кои Никола Димитров имаше активна и суштинска улога.
Доколку Димитров е против било што од позициите кои сме ги изградиле заедно, чесно е заради народот да го каже тоа и да објасни зошто, бидејќи во спротивно останува само впечатокот дека неговото неучество во идната влада е причина за ваквите неточни и шпекулативни јавни манифестации, со цел однапред да се става товар на недоверба во Владата, се вели во реакцијата од кабинетот на Заев.
