Свет

Северна Кореја изврши уште еден хиперсоничен ракетен тест

12.01.2022 14:59

Државните медиуми објавија дека проектилот лансиран на 11-ти јануари, успешно погодил цел во море на далечина од околу илјада километри.

Северна Кореја соопшти дека извршила уште еден хиперсоничен ракетен тест под надзор на лидерот Ким Џонг Ун.

Државните медиуми објавија дека проектилот лансиран на 11-ти јануари, успешно погодил цел во море на далечина од околу илјада километри.

Ова е трет пријавен севернокорејски хиперсоничен ракетен тест. САД ја повикаа Северна Кореја да престане со ракетните проби и да стави крај на „дестабилизирачката акција“ на регионот.