Груби: Разговорите со Бугарија се транспарентни
Првиот вицепремиер Груби уверува, граѓаните немаат потреба за загриженост...

Со Бугарија се преговара транспарентно. Нема потреба од недоверба кон Османи и владата, вели првиот вицепремиер Груби. Уверува, граѓаните немаат потреба за загриженост.
Жалам што колегата Димитров дознал дека не му верува на Османи на крајот на својот мандат. Можеби би било добро тоа да го кажеше на почетокот и да пристапиме кон градење на таа доверба меѓу Османи и Димитров. Но, јас сум убеден дека граѓаните немаат никаква основа да имаат недоверба, ниту во Османи, ниту во владата затоа што сè е транспарентно и било кој договор да биде постигнат ќе мора да биде претставен пред граѓаните и да биде прифатен од нив, рече Груби.
Ние, додава Груби, се солидаризираме со нашите сограѓани Македонци и апсолутно се постројуваме со нив во одбрана и на идентитетот и на јазикот, и на сите други чувствителни прашања.
