Активно се работи на утврдување на штетите од серијата земјотреси во Битола
Тлото во Битола не мирува. Досега се поднесени 100-тина барања за надомест на штета од серијата земјотреси. Општинските власти бараат итна владина седница…

Барањето на битолскиот општински совет за финансиска помош од владата за санирање на штетите од земјотресот синоќа експресно прифатено, а денеска веќе висока владина делегација, пратениците и градоначалникот Коњановски на заедничка средба.
Планот е помошта да се подели на два дела. Во првата фаза што побрза санација на оштетените делови во болницата, клонот од градинката и некои училишта. Паралелно ќе се чекаат процените на стручните екипи и ќе се реагира правично и навремено, рече задолжениот владин координатор, министерот Милевски.
Во обесштетување со законски процент освен централната, ќе се вклучи и локалната власт. Колкава ќе биде сумата сè уште е рано да се каже. Пријавувањето на штетите ќе трае до 26-ти месецов.
Првичните сознанија се дека најпогодени се објектите и селата кои гравитираат во самиот пограничен појас со соседна Грција. Инаку тлото сè уште не мирува и има чести афтер шокови.
Стевче Митревски
