Бура од реакции по прес- конференцијата на Димитров
По прес- конференцијата на Димитров, бура од реакции. Од Кабинетот на премиерот Заев посочуваат – земјава има јасна позиција во разговорите со Бугарија. Според вицепремиерот Груби, нема протреба од недоверба кон владата и Османи, зошто разговорите со Софија се водат транспарентно, а според вицепремиерот Николовски, Димитров е разочаран. За ВМРО-ДПМНЕ, досегашниот прв човек за евроинтеграции го напушта бродот што тоне...
Бура од реакции на македонската политичка сцена предизвика изјавата на вицепремиерот во заминување, Никола Димитров. Од кабиентот на премиерот во заминување Зоран Заев велат- македонските позиции во разговорите со Бугарија се јавно познати, а во нивната изградба учествуваше и Никола Димитров. Доколку Димитров е против било што од позициите што сме ги граделе заедно, чесно е заради народот, да го каже тоа и да објасни зошто, а во спротивно останува впечатокот дека причина за ваквти невистини и шпекулации, е неговото неучество во новата влада, велат од кабинетот на Заев.
Кариеристот Димитров нека не глуми генерал после војна и жртва на Бугарија, тој е жртва на својата неспособност и распродавањето на државните интереси, реагираат од ВМРО- ДПМНЕ. Задоцнета е грижата на кариеристот Димитров за националните и државните интереси, бидејќи беше првиот којшто ги продаваше кога СДСМ беше во налет и во цврста власт, и целосно ги игнорираше предупредувањата на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во реакцијата на опозициската партија.
Од матичната партија на Османи, ДУИ пак велат – во него имаме целосна доверба и тој совесно и одговорно пристапува кон својата работа и преговорите со Бугарија.
Жалам што Димитров нема доверба во Османи на крајот од својот мандат, но ќе беше добро тоа да го кажше на почетокот, истакна вицепремиерот Артан Груби, кој е убеден дека решение со Бугарија ќе биде најдено во првите шест месеци од годинава.
Груби истакна дека сега се оечкува посетата на новиот премиер на Бугарија и одржување на заедничка седница во текот на овој месец.
Марија Котовска
